Автобусите од денеска ќе сообраќаат во две смени - каков ќе биде возниот ред?

Автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници од утре продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред. Граѓаните ќе можат да го погледнат распоредот на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.

Од 7.30 до 17 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП „Скопје“.

Во истиот период ќе бидат отворени и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар. Услугите на ЈСП „Скопје“ можат да се купат и во над сто маркети и трафики кои се дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП „Скопје“), чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

– Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа