Вацке предупреди: Бундеслигата ќе пропадне ако наскоро не ја обновиме сезоната

Главниот извршен директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке направи мрачно предвидување за иднината на Бундеслигата, доколку натпреварите не продолжат наскоро. Тој изјави дека повеќето тимови нема да истраат долго во тековната состојба и работите нема да бидат исти ако се продолжи сегашната состојба.

Тој е еден од поддржувачите на идејата за брзо рестартирање на првенството. На клубовите во Германија веќе им е дозволено да тренираат и се надеваат дека ќе продолжат со судирите на 9 мај, но тоа е малку веројатно. Властите се очекува да разговараат за ситуацијата и следната недела ќе биде јасно кога фудбалот ќе се врати во Германија, иако без публика.

– Ако не играме во наредните неколку месеци, Бундеслигата ќе пропадне. И, тогаш нема да може да се врати и да биде на начинот на кој сме навикнати. Секако, знам дека многу фанови велат дека нема да има стадионска атмосфера, ако тие се празни. Тоа е апсолутно јасно. Но, ова е за зачувување на фудбалот. До крајот на сезоната во Бундеслигата остануваат уште девет кола. Доколку се одиграат, клубовите ќе добијат околу 300 милиони евра од телевизиски права, додава Вацке.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2020 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа