Четири ѕвезди на Арсенал не ги почитувале мерките – ќе добијат казни!

Арсенал ги потврди шпекулациите на „Скај Спортс“ дека четири нивни фудбалери не ги почитувале мерките од Владата за коронавирусот и поради тоа лондонскиот клуб ќе ги казни своите ѕвезди.

Николас Пепе бил снимен во момент кога со пријателите играл фудбал во северен Лондон, додека Гранит Џака и Давид Луиз се сретнале во еден парк, а Александер Лаказет бил фотографиран со лицето кое се грижи за неговиот автомобил.

Ова не е прв ваков случај во Премиерлигата, а претходно правилата не ги почитуваа и неколку фудбалери на Тотнем, односно Серж Орие и Муса Сисоко, кои се извинија поради нивниот потег.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2020 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега