Кристал Палас тврди: Ние сме најстариот клуб во светот

Според најновото истражување на Кристал Палас, овој клуб е најстариот професионален клуб во историјата на Англија, а со тоа и светот. „Орлите“ наводно се формирани во 1861, една година пред Нотс Каунти, кој засега го има овој примат.

Кристал Палас се верува дека е формиран во 1905 година, но истражувањето на писателот Питер Менинг вели дека клубот е формиран многу порано, поточно во 1861 година. Овој клуб од Јужен Лондон бил еден од формирачите на Фудбалската асоцијација на Англија, а својот прв натпревар натпревар го одиграл во март 1862 година.

Според ФА, аматерскиот состав Шефилд ФЦ е најстариот клуб во светот, кој е формиран во 1857 година, додека Нотс Каунти е најстариот професионален клуб, формиран во ноември 1862 година. Фудбалската асоцијација веројатно ќе спроведе своја истрага за да открие дали тврдењата на Палас се точни.

Премиерлигашот на својата интернет страница ја објави својата историја на формирање. Клубот настанал, бидејќи „Компанијата Кристал палас“, која тогаш имала крикет клуб, формирала и фудбалска секција и тоа само заради нивните играчи да ја одржуваат формата играјќи фудбал.

Првиот натпревар го одиграле во 1862 година, а веќе следната година клубот бил еден од основачите на Фудбалската асоцијација. Во сезоната 1871/1872 клубот за прв пат учествува во ФА Купот и успева да стигне до полуфиналето. Во 1875/1876 се последните записи од натпреварите на Кристал Палас. Речиси 20 години подоцна, аматерскиот клуб продолжува да се натпреварува и натаму е во сопственост на „Компанијата Кристал Палас“.

Во 1901/1902 година компанијата води кампања Кристал Палас да стане професионален клуб, што и станува во 1905 година. Кристап палас станува професионален под ново раководство на нова компанија, но „Компанијата Кристал Палас“ и натаму е мнозински сопственик на акциите.

21.04.2020 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа