Шведски фудбалер заразен со коронавирусот на респиратор: „Сакав да си ја одерам кожата, не смеев ни да заспијам зошто престанував да дишам“

Шведскиот фудбалер Камал Мустафа раскажа низ што поминал додека се борел со коронавирусот.

Коронавирусот има повеќе ефекти и последици, па оние кои се заразени со него , па дури и тоа да се професионални спортисти не им помага лесно дас се справат со него.

Поранешниот член на младинската репрезентација на Шведска, а сега четвртолигаш во Одеволд, откри пред еден месец дека е заразен и оттогаш се бори за  живот.

Тој сè уште е во болницата, каде е под  кислород секој ден за да им помогне на белите дробови да се опорават бидејќи е во сериозна состојба. И сето тоа започна навидум безопасно од болка во грлото.

„Тоа траеше неколку дена, а пото изгубив чувство за вкус, а температурата почна да се качува. Морав да повикам Брза помош на третиот ден бидејќи имав 41 степен температура“ рекол тој.

Во тој момент фудбалерот почнал да губи свест, но лекарите цело време биле со него и го држеле буднза да не падне во кома.

- Не можам да се сетам за што зборувавме, не ми беше добро, но се сеќавам дека тиот имаше комплетно заштитна униформа, од глава до пети. Стоеја над мене и ми даваа маска, но во болница пона пеколот.

Како што вели, температирата му била висока и не знаел што со себе, целото тело му горело.

- Телото толку ми гореше, што посакав да си ја одерам кожата. Јас не спаѓам во страшливи луѓе, ретко што може да ме исплаши, но овој пат кога ги видов сите болни луѓе покрај мене, лекари, медицински сестри, опраме... беше страшно, најлоѓшата работа која сум ја доживеал.На секој час ме прегледуваа, во животот немам примено толку многу инекции.

Првите три дена воопшто не можев да спија, ми даваа и таблети, но не ми помогнаа., Кога затварав очи престанував д дишам. Па потоа не знам дали можам да дишам на нос или да пробам на уста... и пото кашлање. тоа стално ме бдеше- рекол Мустафа.

Во Шведска досега има 12.540 луѓе заразено со коронавирусоѕ, а 1333 починати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2020 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега