Организаторите на Олимписките игри немаат „план Б“ ако се случи ново одложување

Организаторите на Олимписките игри (ОИ) во Токио соопштија дека немаат „план Б“ во случај на ново одложување на натпреварувањето поради коронавирусот.

ОИ требаше да се одржат од 24 јули до 9 август во Токио, но поради пандемијата тие беа одложени за следната година, во период од 23 јули до 8 август.

Портпаролот на комитетот на ОИ, Мас Такај кажа дека подготовките се одвиваат под претпоставка дека натпреварувањето ќе се одржи во предвидениот термин во 2021 година.

„Одиме кон новата цел. Немаме план Б. Организаторите и сите останати даваат максимум за да ги одржат ОИ следната година“, кажа Такај.

Од комитетот беше соопштено дека се потрошени 12,6 милијарди долари на организација, но јапонската влада минатата година соопшти дека трошоците се двојно поголеми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега