Богдановиќ: Спроведовме акции за затворање и забрана за користење на јавната урбана опрема во Општина Центар

Воведуваме нови мерки за зголемена безбедност на граѓаните и спречување од дополнително ширење на вирусот КОВИД-19, напиша градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

„Денеска спроведовме акции за затворање и забрана за користење на јавната урбана опрема на територијата на Општина Центар.

Клупите за седење ќе бидат покриени и заштитени, како би се овозможило спречување и користење на урбаната опрема за време на дозволениот час за движење на граѓаните.

Со овие дополнителни мерки кои ги преземаме ќе го спречиме групирањето на повеќе лица на едно место и ќе влијаеме на зголемена безбедност од дополнително ширење на вирусот.

Продолжуваме интензивно и наредните денови.

Оваа мерка ќе биде активна додека траат мерките и препораките од Владата на РСМ“, напиша Богдановиќ на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега