Костадинов: Нема да дозволиме некој да остане без приход, да продолжиме одговорно и посветено да се грижиме за нашето здравје

 

Пред нас е клучен период во кој се очекува пикот на ширење на вирусот и затоа токму сега е потребна уште поголема одговорност од сите нас, порача на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој апелира граѓаните максимално да се посветат на заштита на здравјето и целосно да се придржуваат до владините мерки за заштита.

Како што рече партискиот портпарол, додека владата се соочува со здравствени предизвици, истовремено се справува и со негативните економски последици од коронавирусот.

„Пакетот економски мерки обезбедува првична помош од 200 милиони евра помош која опфаќа 250.000 вработени и 35.000 компании. Државата дава 14.500 денари плата за секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, затоа што секој работник е важен. За граѓаните обезбедуваме сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, се стопираат извршителите“, посочи Костадинов кој додаде дека нема да се дозволи некој да остане без приход.

Тој подвлече дека само со заеднички сили ќе ја добиеме оваа борба против последиците од коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега