Тажна вест од Шпанија: Почина Радомир Антиќ

Нова тажна вест пристигнува од Шпанија, откако Атлетико Мадрид објави дека денеска починал Радомир Антиќ, прославениот српски стратег кој освои неколку трофеи на клупата на „јорганџиите“.

Антиќ почина на 71-годишна возраст, а останува запишан во историјата како единствен тренер што ги водел Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона. Најголем успех во кариерата сепак му се смета двојната круна со Атлетико во сезоната 1995/96.

Српскиот експерт имаше и успешна играчка кариера, настапувајќи за Партизан, Фенербахче, Сарагоса и Лутон, клубот каде му кажа збогум на активното играње фудбал.

Тој својата тренерска кариера ја почна во Партизан, освои две титули во првите две сезони, по што се пресели во Шпанија, земја каде остана до својата смрт.

Се уште нема конкретни информации за смртта на фудбалскиот генијалец, дали станува збор за коронавирус или другa причина за оваа трагедија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега