Тотенхем остана без најдобриот играч – мора да отслужи војска

Фудбалерот на Тотенхем Хјон-Мин Сон ќе мора да отслужи воен рок во својата Јужна Кореја.

Лондонскиот клуб потврди дека овој месец Сон ќе оди за да ги заврши обврските во татковината.

Сон на крајот на март се врати во Јужна Кореја и во моментот е во карантин, па откако ќе заврши самоизолацијата тој ќе биде на располагање во нова улога

Сон неодамна направи операција на раката, откако се повреди на 16 февруари во победата против Астој Вила (3:2) во Премиер лигата.

Тотенхем на Сон ќе може да смета дури откако ќе го отслужи рокот во мај.

Сепак, поради паузата во Премиер лигата поради пандемијата од коронавирусот, отсуството на Сон нема да се одрази на екипата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 18:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа