Тетовчанка објавувала лажни информации за вирусот на Фејсбук

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Е.(40) во с.Порој, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 23.03.2020 од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност, била регистрирана објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ со невистинита содржина во врска со ситуацијата со епидемијата во земјава и, по направена проверка, било потврдено дека станува збор за профил на пријавената, соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега