Во Куманово забраната од петокот не ја почитувале 14 лица

Забраната за движење во Куманово, што со одлука на Владата е активирана во петокот на 3 април не ја почитувале12 лица, кои се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.

Според објавените податоци на територија на целата држава во последното деноноќие забраната не ја почитувале 164 лица, на 122 се приведени, две лица добиле опомена, а на останатите им се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Најголем дел од непочитувањата се на територијата на СВР Скопје, потоа СВР Струмица и СВР Куманово.

Во изминатото деноноќие објавената статика покажува дека нови 264 лица добиле решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација. Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирале дека едно лице не се придржувало до мерките за изолација и самоизолација.

За последното деноноќие во државен карантин се спроведени 57 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2020 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега