Србите немаат милост за никого: Уапсен познат фудбалски репрезентативец

Полицискиот час мора да важи за сите, па и за фудбалските репрезентативци на Србија, без разлика на тоа колку се популарни и познати.

Александар Пријовиќ денеска бил приведен од полицијата во хотел во Белград, откако седел во кафулето по 17 часот, пишуваат српските медиуми. Фудбалерот на Ал Итихад и повремен репрезентативец на Србија бил во друштво со познат пејач, кој исто така бил приведен од полицијата заедно со неговата негвата сопруга.

Друштвото било „весело“ во кафулето за време на полицискиот час, а Пријовиќ воедно го прекршил и задолжителниот карантин, па затоа и завршил со лисици на рацете. Ова не е прв пат некој српски фудбалер да не ги почитува новите правила поради коронавирусот, а претходно на удар на јавноста во Србија беа Лука Јовиќ и Никола Нинковиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега