Почина родилка од Охрид и нејзиното бебе

Доцна синоќа на Клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје почина родилка од Охрид. Претходно почина нејзиното новородено бебе. Родилката (34) била од Охрид и со возило на Брза помош била испратена за Скопје. Имала висока температура и компликации и поради тоа од охридската болница веднаш била испратена на ГАК во Скопје. Како што пишува порталот „Охриднет“ родилката имала тешка инфекција и кога пристигнала во болница бебето и било мртво.

Вчера на ГАК во осмиот месец од бременоста со царски рез била породена 27- годишна жена од Куманово. Таа немала симптоми на Ковид-19, но бидејќи доаѓала од општина во која има заболени со коронавирус, ѝ бил направен тест кој бил позитивен, потврдле од Клиниката.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега