Ќе платат по 800 евра: Четири лица од Велес и Градско шетале за време на полициски час

– Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлози за издавање казнен налог за четири лица, двајца велешани и две лица жители на Градско, за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи во време на епидемија.

Јавното обвинителство соопшти дека обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Велес му предложил на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​​ 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега