Сите играчи на Реал Мадрид завршија во карантин

Кошаркарите на Реал Мадрид завршија со двонеделниот карантин, но и тие и фудбалерите остануваат во изолација во домашни услови. Освен Треј Томпкинс, никој друг не е заразен со Ковид-19, објави шпанскиот весник „Ас“.

Околу 750 вработени лица во сите секции на Реал Мадрид беа ставени во карантин на 12 март, но сега може да здивнат. Шпански „Ас“, сепак, нагласува дека нема многу работи да се променат и дека се обврзани и натаму да ги почитуваат протоколите.

И фудбалерите работат по зададените задачи на Зинедин Зидан. Тие и натаму ќе останат во своите домови, во постојан контакт се со медицинските лица во клубот и работат на одржување на формата во што од голема помош е што сите имаат свои домашни теретани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа