Направил експлозив за да нападне на геј-парадата во Црна Гора но самиот се повредил

Тинејџер од Подгорица изработил експлозивната направа со која сакал да ги нападне претставниците на Парадата на гордоста.

Тој сам ја направил експлозивната направа, со помош на инструкции кои ги нашол на Интернет, а на инспекторите  детално раскажал колку грама од кои материјали искористил во нејзината изработка.

Но, наместо да го постигне она што го сакал, експлозивниот материјал се запалил и му нанел изгореници на неговото тело. 

Во Подгорица денес за прв пат ќе се одржи геј парада, а неа ќе ја обезбедуваат околу 2.000 припадници на црногорската полиција.

„Тие ќе бидат ангажирани да ги обезбедуваат учесниците на парадата, како и другите граѓани. Исто така ќе имаат задача да го штитат имотот на државата“, најави црногорскиот министер за внатрешни работи, Рашко Коњевиќ.

20.10.2013 - 10:55
Фото: 
Пулс24

најчитано сега