Откриена мистеријата за русокосото девојче од Грција

Откриена е мистеријата за малото русокосо девојче кое вчера беше пронајдено во ромска населба кај нашиот јужен сосед. 

Како што изјавува адвокатката на семејството кое го чувало девојчето, тоа било напуштено од својата биолошка мајка.

- „Мајката не можеше да го чува детето и го предала на овој пар во 2009 година, непосредно по нејзиното раѓање“, изјавила Маријет Палавра, адвокат на ромското семејство.

Грчките медиуми веднаш по наоѓањето го нарекле девојчето „Синиот ангел“.

 

20.10.2013 - 10:29

најчитано сега