Машините за рециклирање пристигнаа во Општина Центар- после изборите граѓаните ќе добиваат пари за шишињата

Денеска пристигнаа првите 9 од планираните 27 повратни вендинг-машини за пластични и стаклени шишиња набавени од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, кои локациски ќе бидат поставени на целата територија на општина Центар.

Центарци набргу ќе го почнат светскиот тренд во рециклирањето и ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад со цел да придонесат во одржување на јавната чистота и да обезбедат здрава и чиста животна средина во општината. За секое рециклирано шише, жителите на општина Центар, кои ќе се вклучат во овој процес, ќе добијат 1,5 денар на новата платежна картичка Green Pay Card, која ќе биде пуштена во употреба по поставувањето на машините. Со оваа картичка тие ќе имаат можност да купуваат со попуст во одредени маркети, продавници, локали и слично или да плаќаат за услугите што ги нуди претпријатието.

До крајот на 2020 година ќе бидат поставени уште 18 повратни вендинг-машини, кои ќе бидат обезбедени од Општина Центар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2020 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега