Нухиу: ДУИ секогаш ја предводел интересот на Албанците и државниот интерес
ДУИ немаше формални коалиции ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту пак, со СДСМ за локалните и за претседателските избори, рече во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, Агим Нухиу од Демократската унија за интеграција.
Тој кажа дека партијата секогаш се водела од интересот на граѓаните Албанци и државниот интерес.
„Ние имаме институт за креирање политики и истражување на широката јавност со цел да бидеме на иста линија со очекувањата на граѓаните Албанци, без да се запостави и интересот на меѓународните партнери. Токму поради ова, ДУИ со целосна свесност и надлежности одлучи да ја поддржи коалицијата со СДСМ, дури нарушувајќи го принципот „победник со победник“, рече Нухиу.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа