Град Скопје: Во тек е доставувањето на решенија за данок на имот за 2020

Во тек е доставувањето на решенијата за данок на имот за 2020 година. Сите даночни обврзници кои немаат платено данок на имот за изминатата 2019 година ќе добијат опомена за неплатен долг, соопштија денеска од Град Скопје.

Даночните обврзници кои нема да добијат решенија за данок на имот или доколку во нив забележат одредени неправилности, може да се обратат во Град Скопје.

– Сите забелешки граѓаните можат да ги достават и секој работен ден од 7:30 до 19:30 часот со поднесување барање на шалтерите во архивата на Град Скопје или во канцелариите за сметководство на Град Скопје. Сите граѓани, исто така, во рок од два месеца од добивањето на решението за данок на имот можат сите забелешки и недостатоци да ги пријават и со приклучување на сајтот на Град Скопје – е-даноци, преку Одделот за пријавување проблеми, како и преку електронска пошта на следните адреси: danoci@skopje.gov.mkanitan@skopje.gov.mk (за данок на имот), соопшти Град Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега