Јанушев: Дали со трас-трас одлука преку ноќ се смени ставот на Заев?

 

 

Откако Заев се предомисли и на Фејсбук напиша дека одлуката за преименувањето на училиштата била законса, се огласи и генералниот секретат на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Слушнавме како Заев, овој истиот кој го смени името и тргуваше со идентитетот, дели лекции по морал за тоа како незаконски се смениле имињата на двете училишта во Чаир.

Оправдувањата на Заев зошто се дозволило ова се во стилот “отишле очите, ќе ги гледаме ли веѓите сега”, но сето ова е уште еден пораз кој Заев и го носи на земјата.

На неговата изјава дека смената на имињата на училиштата била незаконита, можеби некој ќе поверуваше доколку не го знае подобро Заев и фактот што неговата партија е на власт, што подразбира дека сите механизми за влијание на таквата одлука се во нивни раце.

Со други зборови, ако е незаконски како што тврди Заев, прв чекор би било неговиот подреден и техничи премиер, во овој случај Спасовски, да донесе одлука на влада со која ќе ги поништи одлуките на неговиот министер за образование, како што впрочем тоа беше омилена мерка кога станува збор работата на техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ.

Или пак и овојпат ќе затворат очи на незаконие како што тоа го прават три години?

Кога веќе е незаконска одлуката, јавноста ја интересира дали Заев го викна Спасовски да му каже да се поништи одлуката или му рече трас трас нема да се примети дека име на училишта сменија пред избори? Напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа