Тајфунот во Виетнам однесе 18 жртви

Тајфунот „Нари“ во Виетнам  однесе 18 лица, а 92 се повредени, соопшти Националниот комитет задолжен за превенција и контрола на поплавите. 

Три лица се водат како исчезнати.

Во невремето се уништени повеќе од 13.000 куќи, а поплавени се околу 87.000 други. Оштетени се 587 училишта и под вод останаа 7.800 хектари посеви.

Поради поплавите и лизгањето на земјиштето провинцијата Ха Тин се блокирани патиштата, а 62.000 ученици не посетуваат настава.

„Нари“ е 11 тропска бура што од почетокот на годината го погоди Виетнам.

 

18.10.2013 - 15:04

најчитано сега