Сноуден тврди: Кина и Русија нема да ги добијат тајните документи
Едвард Сноуден за интервју на весникот „Њујорк тајмс“ изјави дека не земал со себе во Русија никакви тајни документи. Сноуден избега во Русија во јуни оваа година. Москва му даде азил на Едвар Сноуден.
Тој откако објави доверливи информации за програмата за електронско следење на американската НСА САД го бараат за шпионажа.
Во интервјуто Сноуден изразил уверување дека ги дал сите документи со кои располагал на новинарите кога бил во Хонгконг, пред да замине за Русија и дека не направил никаква копија.
Но тој нагласува дека може да ги зачува тајните документи од кинеските служби благодарение на познавањето на некои методи со кои работи НСА.
- Нема никакви шанси Русија или Кина да добила некои од тајните документите - нагласи тој. Американски официјални претставници, на повеќе пати досега изразија загриженост дека руското или кинеското разузнавање би можеле да дојдат до некои од документите, со кои располагал Сноуден.
Едвард во интервјуто истакнува дека НСА знае, дека тој не соработувал со странски агенции за разузнавање.
- НСА не објави ниту еден пример за штети од таквото објавување на информации - истакна тој додавајќи дека никогаш не планирал да ги даде своите услуги на Кина или Русија.