Кина призна: Направивме пропусти при откривање и контрола на коронавирусот

Кинеските власти признаа дека имало пропусти во работата на службите при откривање и контрола на коронавирусот во Вухан.

Самокритиката уследи откако официјален Пекинг ги критикуваше странските земји, особено Соединетите Американски Држави дека предизвикале непотребна паник и вовеле ограничувања кон Кина. 

Кинеското Политбиро, сепак забежува дека треба да се направи повеќе за да се следат пазарите и да се дејствува против нелегалната трговија со диви животни.

Локалните власти во провинциите со население од над 300 милиони луѓе, вклучувајќи ја и најнаселената провинција во Кина, Гуангдонг, неодамна им наредија на сите граѓани да носат заштитни маски на јавни места. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2020 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега