Важна информација од ЈСП: Картичките постари од 4 години веќе не важат

Оние граѓани кои биле меѓу првите кои извадиле вакви персонализирани картички од ЈСП во 2015 година, денес веќе не може да ги користат истите и мора да ги заменат со нови, бидејќи нивниот рок од четири години е веќе истечен, пренесува А1он.

Старите картички мораат да се заменат со нови кои чинат 200 денари.

„За обновата на „Скопска“ не се потребни никакви документи, доволно е да се приложи старата картичка. Заинтересираните статусот на картичката можат да го проверат во било кој центар за персонализација“, вели Деспина Трајковска Димова од ЈСП.

На новите картички повеќе го нема пејсажот на Скопје 2014, туку скопската тврдина “Кале” и Музејот на Скопје.

„Дизајнот е единствената разлика помеѓу старите и новите персонализирани картички „Скопска“, вели Трајковска Димова.

Од ЈСП велат дека корисниците на јавниот превоз навремено биле информирани за неопходната замена на истечените персонализирани картички.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2020 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега