Трипуновски по протестите на тутунарите: Ниту министерот ниту инспекторатот не сакаа да веруваат дека има сериозни отстапки во делот на откупот на тутун

Она што изминатиов период при посетите на сите населени места каде што се произведува тутун и на моето апелирање дека има сериозен проблем во пласманот и откупот на тутун, за жал денеска преку медиумите се информирав дека тутунарите од прилепскиот, долнениот и делот од Кривогаштани излегле на протест и си ги бараат своите права, ова денеска во изјава за медиумите го истакна дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски.

-Јас на тие посети кои што ги имав во населените места апелирав до министерот, до инспекторатот дека има сериозни отстапки во делот на откупот на тутун, односно заобиколување на процедурите. Имаме откупни компании кои што своите пунктови ги имаат повлечено иако имаат актуелни и активни договори со тутунари од тој регион и имаме нереална проценка на тутунот, односно се цени со неколку класи подолу што е класична манипулација и потценување на трудот на тутунарите, вели Трипуновски.

Тој додава дека минатата недела бил во посета на директорот на земјоделскиот инспекторат каде ги укажал овие согледувања од терен и апелирал да се направат вонредни контроли и едноставно таа институција која е најповикана да биде гарант дека откупот ќе биде како што треба да биде согласно законите и процедурите.

-Морам да констатирам дека постојано бев заобиколуван односно ниту министерот, ниту инспекторатот не ме сфаќаа сериозно за овој сериозен проблем на терен, вели Трипуновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2020 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега