Телеграм ја избриша „Јавна соба“ - Ќе има ли одговорност?

Телеграм ја затвори скандалозната група “Јавна соба” во која беа споделувани порнографски содржини дел и од малолетнички. Иако МВР информираше дека во понеделникот биле приведени креаторот и администраторот на групата, се уште против нив не е поднесена кривична пријава до обвинителството, јавува Сител.

- Надлежниот јавен обвинител активно постапува и денеска одржа работен состанок со претставници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи и од Единицата за економски и компјутерски криминал во СВР-Скопје. На состанокот беа анализирани досега прибраните податоци и беа дадени насоки за следните чекори кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба и прибирање докази, велат од обвинителството.

Истрагата треба да утврди колку други лица неовластено споделувале експлицитни фотографии и видеа и злоупотребувале лични податоци. Според правните експерти сите над 7000 лица кои биле дел од групата носат одговорност зошто биле сведоци на кривично дело, а не пријавиле. Адвокатот Наташа Бошкова смета дека е неопходна темелна истрага и да се испита кој се бил дел од “Јавна соба”, по информациите дека и политичари, бизнисмени, но и полициски службеници биле членови на групата.

- Присуството на полициски службеници во оваа група, ако се утврди деке тоа е навистина така, треба да се испита која е нивната улога таму, дали биле службено или не. Ако се потврди тогаш казните за службени лица се повисоки, изјави Наташа Бошкова, адвокат и правен советник во Коалицијата Маргини.

Според информациите од МВР во групата биле диструбуирани 800-тини слики и видеа, претежно од други социјални мрежи, но имало и порнографски содржини со малолетнички.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.01.2020 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега