Разбиена мрежа за трговија со дрога во Шпанија

Минатата недела била спроведена операција за разбивање на мрежа за трговија со дрога во Шпанија. Полицијата уапсила 18 лица.

Членовите на мрежата внесувале кокаин во Шпанија преку пристаништата во Барселона и Валенсија.

Во операцијата се конфискувани 956 килограми дрога, внесени од Никарагва, Доминиканската Република и други латиноамерикански земји, додава Министерството.

Меѓу главните купувачи била криминална група од северозападната автономна област Галисија.

17.10.2013 - 12:43

најчитано сега