100 илјади денари од Детелинка отидоа кај таинствена тетовчанка

Добитната патека на Државна лотарија на Македонија денес, не води во Тетово. Тетовчанката која сакаше да остане анонимна е нашата најнова членка во фамилијата добитници на Инстант Лотарија. Таа благодарение на Инстант лозот Детелинка стаса до убавата премија 100.000,00 денари.

Tаинстевената добитничка е редовен конзумент на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Најчесто практикува да ги игра Инстант лотариите, а сега за првпат одлучила да купи Детелинка. Својот среќен лоз го пронашла во продажното место Бартон во Тетово.

Покрај над 60 вoзила во останатите инстaнт лозови,  во Инстант лотаријата Детелинка досега имавме дури тројца добитници со парична добивка од 500.000 денари.

 

Само за потсетување лозот Детелинка  беше лансиран на крајот на 2012, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари , сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1000 денари. Лозот е посебно атрактивен заради податокот што нуди вкупна вредност од 19.500.000 денари, а секој трет крие добивка. Трите идентични суми во детелинката се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа. Инстант лозот ДЕТЕЛИНКА е единствена можност како за 30 денари да се добијат до 500.000 денари

 

Кој гребе, тој  добива!

 

17.10.2013 - 11:42

најчитано сега