Повеќе од половина Македонија е на интернет

Истражување на Центарот за истражување и креирање политики, покажува дека процентот на користење на Интернетот во Македонија е во постојан пораст и во 2012 година достигнал 56,7 %.

 

-Речиси сите локални самоуправи имаат веб страница, затоа со анкетата истраживме колку тие се користат. Најголем дел од испитаниците - 85,4 отсто, одговорија дека не ги користат општинските веб страници. Само 14,6 отсто ги користат за следење на програмите и настаните во нивната општина, помал дел за да ги следат одлуките на советот на општината и извештаите од состаноците (6 отсто некогаш, а 2 отсто често ја користат веб страницата на општината за оваа цел). Уште помал дел граѓани ја користат веб страницата за да ја држат локалната самоуправа одговорна за своите постапки, покажуваат резултатите од истражувањето кое е во рамки на проектот Застапување за отворена влада: право да знаеш во Југоисточна Европа.

Резултатите од истражувањето покажале дека поплака или коментар до советникот праќаат само 5,2 отсто, а само 6 отсто од испитаниците одговориле дека ги посетуваат општинските веб страници за да поднесат документација до општината преку електронски пат за добивање на одредена услуга. 5,1 отсто ја посетуваат веб страницата за да ги преземат решенијата и одлуките за нивните барања.

17.10.2013 - 11:30

најчитано сега