Загинаа 15 лица во северен Ирак

Загинаа 15 лица денеска во самоубиствен бомбашки напад во едно село во северен Ирак, соопшти полицијата.

Бомбашот самоубиец ја активирал експлозивната направа, додека се наоѓал во камион.

Локалните жители изјавија дека под урнатините на куќите има затрупани луѓе.

Околу 30 илјади припадници на заедницата претежно живеат во близина на ирачката граница со Турција.

Засега не е познато кој е одговорен за нападот.

Повеќе од 330 лица загинаа овој месец во Ирак, а шест илјади од почетокот на годинат

17.10.2013 - 11:30

најчитано сега