Паднаа цените на нафтата во САД

По постигнатиот договор во САД, денеска паднаа и цените на нафтата.

Сепак постои неизвесност, бидејќи сеуште не се знае кои ќе бидат последиците од  договорот со кој се продолжува лимитот за задолжување на американската влада до 7 февруари.

Барел од американската „лесна“ нафта за испорака во ноември на Трговската берза во Њујорк чинеше 102,17 долари, односно 12 центи помалку отколку на крајот на вчерашното тргување, додека нафтата од типот „брент“ во Лондон поефтини за еден цент на 110,58 долари за барел.

Сега целото внимание ќе биде насочено кон начинот на кој САД ќе успее да се избори со штетата која беше предизвикана од блокадата на буџетот.

17.10.2013 - 10:34

најчитано сега