„Епл“ ќе гради нов објект во форма на вселенски брод

Гигантот „Епл“ ќе добие ново седиште во Купертино кое ќе чини пет милијарди долари. 

Во дизајнот и ентериерот ќе бидат отелотворени голем број идеи на покојниот основач на компанијата Стив Џобс. Целата архитектура ќе е според негова замисла, а најверојатно ќе потсетува на вселенски брод.

Околу објектот ќе има парк со над 300 видови на дрвја,а покрај научните лаборатории во зградата ќе има и спортска сала и подземен паркинг.

Изградбата на новото седиште на „Епл“, каде се очекува да работат 12 илјади луѓе, би требало да заврши во 2016 година.

17.10.2013 - 09:58

најчитано сега