Се удавија четири лица меѓу кои и 15-годишно девојче во близина на Мајами

Четири лица ги загубија животите и 11 се спасени откако се преврте брод со имигранти од Хаити и Јамајка во близина на  Мајами, јавија локални медиуми.

На бродот имало најмалку 15 луѓе меѓу нив и 15-годишно девојче.

Бројот на жртви ќе бил поголем ако еден од преживеаните не повикал итна служба од мобилен телефон и навел за приближната локација на бродот, се додава во извештаи на локални медиуми на Флорида.  Полицијата ја истражува несреќата.

17.10.2013 - 09:50

најчитано сега