Турските војници отвориле оган кон Сирија

Турската војска синоќа возвратила со оган врз позициите кои ги држат бунтовниците во Сирија поврзани со Ал Каеда.

 Причината за ова било поради граната од минофрлачки оган што паднала во близина на турски воен пункт кај заедничката граница.

Војската во вторникот испука  четири куршуми кон позициите што ги држат бунтовничките сили на т.н Исламска држава Ирак и Левант, во близина на сирискиот град на границата со Турција, Азаз.

 Иако Турција често возвраќа на минофрлачки оган од сириска територија, сепак ова е првпат да соопштува дека ја насочила целта кон исламистичката бунтовничка група.

17.10.2013 - 09:40

најчитано сега