Холандиски советник претепан во Москва

Во Москва во својот стан е претепан 60 - годишниот Оно Елдеренбос, советник на холандскиот амбасадор соопшти полицијата во Москва.

Според руски медиуми, Елдеренбос бил нападнат од двајца непознати напаѓачи во вторникот навечер откако се вратил од работа.

Непознатите напаѓачи биле облечени во униформи на електричари и откако тој им отворил врата, го нападнале. Тие го врзале, го пребарале неговиот стан и на огледалото нацртале срце и напишале ЛГБТ. Од станот на дипломатот не е украдено ништо вредно.

Односите меѓу Русија и Холандија во последно време се лоши поради приведувањето на советникот во руската Амбасада во Холандија, по пријави од соседи дека ги тепал сопствените деца.

 

16.10.2013 - 13:43

најчитано сега