Тајфунот Випха однесе 17 лица

Бројот на жртвите на тајфунот Випха, што ја зафати Источна Јапонија, достигна 17 лица, а спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по преживеани на малиот остров во близина на Токио.

16 загинаа, а непозната е судбината за 50 лица, откако десетици домови беа разурнати од свлечишта на островот Иѕу Ошима, на 120 километри јужно од Токио, соопшти полицијата.

Жена загинала откако била повлечена од надојдени води во реонот на престолнината Токио.

Се предвидува дека до вечер тајфунот Випха ќе ослабе до тропска бура. 

16.10.2013 - 12:43