Започна постапката за екстрадиција на Шиповиќ

Министерството за правда ја започна постапката за екстрадиција на советникот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ од Виена, потврди вчера министерот за правда Блерим Беџети.

- „Шиповиќ се бара да биде екстрадиран во нормална постапка, очекуваме дека многу брзо ќе биде испорачан во земјава бидејќи немаме сознанија дека се бара за сторени други кривични дела надвор од Македонија“, изјави Беџети за 24 Вести. 

Инаку, Шиповиќ вчера беше уапсен на аеродромот во Виена, а за него полицијата распиша меѓународна потерница. Тој во Македонија се бара како првовосомничен во случајот Претседавач, за финансиски криминал во фирмата Машинопромет, тежок милион евра.

16.10.2013 - 11:58
Фото: 
Нетпрес