Мнозинство Австријанци против прием на Турција и балканските земји во ЕУ

Според анкетата  на Австриското друштво за европска политика покажува дека Австријанците се уморни од ширење на Европската унија, а со тоа и прием на нови членки од Балканот.

Така три четвртини од испитаниците сметаат дека ширењето на ЕУ е „малку“ или „целосно неважно“. Според оваа анкета тие се против прием на Турција, БиХ, Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија.

За прием на Турција во ЕУ се изјасниле само 15 отсто Австријанци, додека 72 отсто биле против. За Србија биле 24 отсто, а 62 – против, а за 26 отсто се за прием на БиХ во ЕУ и 52 отсто против.

 Што се однесува пак за Црна Гора и Македонија, 52 отсто Австријанци се против членство на тие држави во ЕУ, додека 61 отсто Австријанци не ја сакаат Албанија во Унијата.

16.10.2013 - 11:12