ФОТО: Хилари Клинтон си доби казна за неправилно паркирање

Хилари Клинтон си заработи казна за непрописно паркирање. Сообраќаецот во Лондон вчера не се откажал од намерата да и напише казна на Хилари Клинтон, иако за тоа се побунило нејзиното обезбедување пренесува „Дејли мејл“.

Полицаецот на автомобилот на поранешната државна секретарка на САД закачил ливче со казна од 80 фунти, затоа што возилото стоело цели 45 минути на место во центарот на Лондон, а паркингот не бил платен. Овој настан го  снимил фотографот Грег Бенан.

16.10.2013 - 11:04

најчитано сега