ВИДЕО: Измислен часовник кој го одбројува времето до смртта!

Тикер е часовник кој се разликува само по едно нешто од останатите часовници на светот - тој го одбројува времето до смртта! Верувале или не, секој корисник пополнува прашалник, а потоа часовникот со помош на алгоритам го пресметува времето до крајот на животот.

Творецот на Тикер, Швеѓанецот Фредрик Колтинг, изјавил дека до идејата дошол по смртта на неговиот дедо.

- Мислам дека може да имаме подобар живот и да носиме подобри одлуки ако сме свесни дека ни се наближува крајот. Тоа ни дава една подобра перспектива, малите работи одеднаш не изгледаат толку важни. Затоа на Тикер гледам како на часовник на среќата, тврди тој.

16.10.2013 - 10:33

најчитано сега