Бебе старо пет недели донирало бубрези и го спасило животот на млада девојка
Бебе старо пет недели е најмладиот донатор на органи во Велика Британија. Родителите на бебенцето се согласиле да донираат бубрезите на 22-годишната Самира Каусер со што и го спасиле животот.
- Нема зборови да изразам благодарност која ја чувствувам кон родителите на ова дете. Уште сум жива и може да продолжам со својот живот - изјавила Каусер.
Малото бебе починало откако му запрело срцето, а родителите се одлучила од големата трагедија да направат и хумано дело.
- Тие изгубиле многу повеќе од тоа што јас би можела да разберам, а нивна единствена утеха е што некој друг благодарение на нивното дете би можел да живее. Тоа е огромен подарок - додала Каусер.
16.10.2013 - 10:20