Фотографијата која го шокираше светот - жена се пораѓа на трева бидејќи не ја пуштиле во болница

Еден случаен минувач во Мексико направи фотографија која го шокираше светот. На фотографијата се гледа Мексиканката Ирма Лопез која била принудена да се породи на трева, бидејќи не сакале да ја промат во болница.

Жената која била во осмиот месец од бременоста, а не го зборува течно шпанскиот јазик, со сопругот дошла во „Rural health“ центарот во селото Сан Фелипе де Дијаз, каде медицинските сестри и кажале дека не се спремни да ја породат бидејќи сеуште не е во деветтиот месец од бременоста. Оваа брачна двојка припаѓала на племето Мазатека и не го говорат шпанскиот јазик, па затоа и не разбрале се што им рекла болничарката.

- Не сакав вака да се породам. Беше грозно и болно, изјавила трудницата која во тој момент била сама додека нејзиниот маж отишол во болницата за да моли да биде примена неговата сопруга.

Медицинската сестра се оправдувала дека не можела да се разбере со брачната двојката, па затоа идошло до оваа ситуација.

 

15.10.2013 - 13:13

најчитано сега