Грчки пратеници: Како да бидеме солидарни кон Република Македонија кога таква земја не постои?

Грчките пратеници Јоанис Кефалојанис и Дионисиа Авгеринопулу синоќа во Брисел запрашаа како да бидат солидарни кон Република Македонија кога таква земја не постоела.

Како што пренесува МИА, во рамки на конференцијата „Од грчки излез од еврото до грчко опоравување” што се одржа во Брисел, запрашани дали по солидарноста која се покажа кон Грција за излегуваето од кризата, сега тие ќе се одлучат да ја покажат солидарната страна, пратениците од грчкиот Парламент одговорија дека не можат да бидат солидарни кон земја која не постои! 

- Ако некој покажал солидарност, тоа е сигурно Грција. Покрај билатерални напори и инвестиции што ги прави Грција во БЈРМ, ние партиципираме и во мултилатерални шеми преку Европската унија и преку меѓународни организации и парите кои доаѓаат во земјата се и наша помош, изјави вчера пратеничката Авгеринопулу. 

Од друга страна, грчкиот пратеник Кефалојанис, пред присутните истакна дека грција и БЈРМ биле партнери и имале одлична економска соработка: - Ние ја поддржуваме интеграцијата на оваа земја во сите европски структури, ЕУ и НАТО, додека да најдеме заедничко прифатливо решение на сите нивоа, билатерално, мултилатерално. Мислам дека секоја иницијатива за  да се надминат проблемите е во заеднички интерес. А, за време на претседателството со ЕУ, Грција ќе ги покани сите земји од Западен Балкан, се разбира оние кои ги почитуваат правилата, за да им помогнеме на европскиот пат. Ќе дискутираме без конфликти оти ова е голем интерес на сите нас. Балканските земји и Европската унија, додаде пратеникот во грчкиот Парламент.

Прашањата на дописникот на МИА ги разбудија духовите кај присутните 200 гости во салата, претежно грчки државјани, кои гласно негодуваа пред се на изговорањето „Република Македонија”, „македонски” и „македонска држава”.

15.10.2013 - 11:15
Фото: 
денешен.мк

најчитано сега