Сто овни за празникот Курбан Бајрам во Тризла

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристевски, денеска по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам ги посети жителите на општината  „Тризла“ за да им го честита празникот на муслиманските верници.

- Во време на верските празници се истакнува сожителството, почитта кон различните култури, традиции и обреди. Овие верски празници се можност да се покаже толеранцијата, добрите дела. Во оваа заедница со децении се почитувале разликите, рече Ристески при средбата со верниците од исламска вероисповед.

Прилепскиот градоначалник ја посети и новата џамија која се гради во оваа населба.

По повод започнувањето на празникот Курбан Бајрам, исламско здружение од Дизелдорф, Германија, во соработка со религиозната група „Ехли Сунет Вел џемат“ денеска ќе подели стотина курбани-овни со кои симболично се одбележува принесувањето на жртвата.

15.10.2013 - 10:52
Фото: 
Новамакедонија

најчитано сега