Мирчев: Македонија трпи штета поради бојкоти и демонстрации

Професорот Димитар Мирчев по најавата дека социјалдемократите повторно ќе протестираат поради акцијата "Претседавач", за порталот Курир вели дека државата трпи штета токму поради овие парламентарни и улични бојкоти и препукувања.

-Многу е лошо и симптоматично, што нашиот политички систем и поредок, на овој начин, со години и години наназад, се соочува со парламентарни и партиски бојкоти, ткн. улични демонстрации, порт-паролски препукувања и сл. Сето тоа не е добро за „имиџот“ на земјата надвор од земјата. Инаку, се разбира, граѓаните и избирачите ги казнуваат и ги оценуваат тие акции, но што вреди? Штетата е на државата, изјави професорот Мирчев за Курир.

Професорот Мирчев не гледа поволно на одлуката СДСМ да ја суспендира работата на Комисијата за препораките од настаните на 24-ти декември и нивната одлука повторно да протестираат.

-Па, не гледам поволно и благонаклоно на тој настан. Особено затоа што владеачката партија им го прифати Извештајот на комисијата за 24 декември, во текст што самите го формулираа; и тоа заради Извештајот на Европската комисија за Македонија. Не заради тоа што Извештајот беше објективен. Но во овој случај, барем малку толеранција и разбирање требаше да покажат за работата на Комисијата за препораките, вели Мирчев, за Курир.

Инаку, за потсетување, денеска е најавен протест на социјалдемократите за акцијата претседавач во која беше уапсен Мирослав Шиповиќ. 

15.10.2013 - 10:10
Фото: 
Евести

најчитано сега