СДСМ: Ги враќаме парите кај граѓаните, разликата меѓу нас и ВМРО е очигледна

 
СДСМ продолжува со креирање и имплементација на мерки и политики кои парите ги враќаат назад кај граѓаните. Ова го велат денеска од владејачката партија.
 
 
- Минималната плата расте на историски највисоки 14.500 денари. Со декемвриската плата, околу 90.000 граѓани ќе добијат покачување на месечните примања. За неполни 2 и пол години минималната плата порасна за 5.500 денари што овозможува годишно дополнително 66.000 денари да завршат назад кај секој работник. Концептот за враќање на парите кај граѓаните и работниците е на прав пат и дава вистински резултати. Дополнително како стимул за приватниот сектор, се донесе Закон за субвенционирање на социјалното осигурување за сите претпријатија кои ќе покачат плата на нивни вработени до 6.000 денари, велат тие.
 
 
Разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од очигледна, додаваат од партијата.
 
- Додека опозицијата не гласа за донесување на закони кои ги враќаат парите назад кај граѓаните и ја докажува нивната криминална матрица, СДСМ преку одговорни политики покажува што значи вистинска грижа за граѓаните и враќање на парите во секој семеен буџет, велат СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2019 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега