Поради слаба излезеност нема да има смена на градоначалничката на Варшава

Заради недоволна излезеност на референдумот, обидот за смена на градоначалничката на Варшава, Хана Гронкјевич-Валц, не успеа.

На вчерашниот референдум излегле само 25,7 отсто од запишаните избирачи, а потребно е 29 отсто.

Референдумот се организираше на иницијатива на опозициската националистичка партија Право и правда и други опозициски организации, кои го собраа потребниот број потписи за негово распишување, а според извештаите на медиумите повеќе од 90 отсто од излезените избирачи гласале за смена.

 

Гронкјевич-Валц е членка на владеачката Граѓанска платформа, и ќе остане на функцијата најрано до планираното оддржување на редовните локални избори, следната есен,  на кои веќе најави учество.

14.10.2013 - 16:03