Палестинскиот лидер Јасер Арафат бил отруен?!

Експертите за радијација потврдија дека на облеката на палестински лидер Јасер Арафат е пронајдено полониум. Тим од екперти дале научни детали за медицинската изјава дадена во 2012 година, кога е кажано дека на работите на Арафат е пронајден полониум.

Арафат почина во воена болница пред девет години, но на барање на неговата сопруга не било извршена обдукција, така што лекарите неможеле да откријат од што.

Сега радиолошки биле тестирани 75 примероци, триесет и осум примероци се земени од работите на Арафат, вклучувајќи ги долната облека, шубарата, четката за заби, болничката капа и тренерката, која ја дала неговата сопруга Суха Арафат. Тие се тестирани заедно со 37 примероци памучна облека, за споредба, која е чувана десет години и била заштитена од прашина.

 

Ви извештајот на тимот се наведува ка тие наоди ја поддржуваат можноста за труење на Арафат со полониум 210. Примероците на полониум се измерени на неколку милибекерели, што е единица на радиоактивност.

14.10.2013 - 15:41

најчитано сега